Одат чекор подалеку: Словенците и со приватна тужба до ЕХФ!

Откако Европската ракометна федерација ја одби жалбата на Словенците за спорниот момент во финишот на средбата против Германија, Ракометниот Сојуз на Словенија е бесен на таа одлука и повторно ќе се жали, односно оваа жалба ќе оди на Арбитража.

300x250

Покрај тоа, претседателот Фрањо Бобинац најави и приватна тужба на Ракометниот Сојуз на Словенија кон ЕХФ поради влијание на поединец на конечниот резултат, кој беше 25:25. Словенците исто така ќе се жалат и во Судот за спортски права во Лозана.

„Ова ги преминува сите граници, па нашата федерација сериозно размислува да го напушти ЕП, иако од друга страна се плашиме од негативните последици кои можат да произлеат од ваквата одлука.“ – вели генералниот секретар на РСС, Горан Цвијиќ.

Сега за сега, Словенците нема да го напуштаат Европското првенство, односно ќе го одиграат утрешниот натпревар со Црна Гора, па по завршувањето, ќе одлучат за следниот чекор. Тој е решавачки меч, дали Словенија или Црна Гора ќе оди во следната фаза.