Овче Поле со победа ја заокружи сезоната

Ракометарките на Овче Поле СУ со победа над Прилеп со 33:27 го завршија настапот оваа сезона во Женската Лига. Избраничките на Илија Бетувски во првиот дел обезбедија висока предност со 17:12, но во вториот дел имаа мали проблеми со гостинките од Прилеп.

Тие израмнија на 23:23, но домашните ракометарки предводени од Димова, се вратија во водство, кое го зголемија до самиот крај за конечни 33:27. Најдобар стрелец во домашниот тим беше Диана Димова со 8 голови, а по 7 дадоа Димовска и Анчева, додека кај Прилеп најефикасна беше Бојана Јованоска со 10 голови.