Овој ракометар не можеше да одолее на балканската пита кромпируша (ФОТО)

Поранешниот словенечки репрезентативец и актуелен ракометар на германски Минден, Лука Жвижеј важи за еден од најдуховитите и најактивни корисници на социјалните мрежи.
Најновиот доказ доаѓа од неговиот инстаграм профил каде Жвижеј објави фотографија на која убаво се гледа како словенецот ужива во кулинарските специјалитети на својата сопруга.

300x250


Овој пат на менито на Жвижеј беше пита кромпируша, а покрај питата Жвижеј под маицата ни ги откри и резултатите од редовното конзумирање на овие специјалитети. Меѓу другото духовитиот словенец напиша:
“Леле што ми правиш жено моја? Кромпирушава убива… #бурек#германија# Отиде летото во к…. што трениравме, трениравме#Југославија#полнстомак

Понекогаш е многу тешко да се оделее на прекрасната балканска кујна, па било тоа и на сред ракометната сезона во најдобрата ракометна лига.