Ова не се случило досега: Сите средби в недела почнуваат во исто време

Квалификациите за Европското првенство во 2020 година финишираат в недела и тогаш ќе биде познато кои десет репрезентации ќе го пополнат списокот на учесници.

Поради тоа што првпат на еден шампионат учество ќе земат 24 селекции, а најдобрите четири второпласирани исто така ќе се најдат на завршницата мораше да се зачува регуларноста што значи дека ќе има максимално надигрување.

Сите натпревари ќе почнат во исто време, а тоа е 18 часот. Тоа ќе биде шанса за сите да одиграат без да тактизираат така што до последен момент нема да биде познато кои репрезентации ќе се најдат на шампионатот.

Шанси има кај голем дел од селекциите и затоа ова ќе биде голема можност да се покаже најдоброто.