Норвешка убедлива на стартот: Светскиот првак не виде мака со Унгарија

Светскиот првак Норвешка уште по првиот дел ги реши сите дилеми на дуелот со Унгарија, ако воопшто и ги имаше пред неговиот старт. Водеа шампионките со 21:11 и веќе беше јасно која репрезентација ќе има победнички почеток на Мундијалот во Германија.

Избраничките на Ким Расмусен се обидоа во вториот дел да направат нешто повеќе, но немаше време, а се што успеаја е тоа да ја намалат негативата на 8 разлика, 30:22. Најдобра кај Норвешка беше Нора Мерк со 7, додека кај Унгарија се истакна Хафра со 4 погодоци.

ДВОЈКИ, 1. КОЛО

ГРУПА А

РОМАНИЈА – ПАРАГВАЈ 29:17

ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА 24:25

ШПАНИЈА – АНГОЛА 28:24

ГРУПА Б

ЧЕШКА – АРГЕНТИНА 28:22

ШВЕДСКА – ПОЛСКА 30:33

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА 30:22

ГРУПА Ц

РУСИЈА – ТУНИС 36:16

БРАЗИЛ – ЈАПОНИЈА  28:28

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА  24:31

ГРУПА Д

СРБИЈА – КИНА 43:23

ГЕРМАНИЈА – КАМЕРУН 28:15

ХОЛАНДИЈА – Ј. КОРЕЈА 22:24