Норвешка можеби е велесила во женски ракомет, но во Скопје постои само еден шампион (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Откако пред една седмица Вардар триумфално се врати од гостувањето во Ларвик, овојпат во „Јане Сандански“ имаше потешка задача против истиот противник да осигура нови два бода. На крајот „црвено-црните“ дојдоа до посакуваниот триумф против норвешкиот шампион кој оваа сезона е во сосема поинаков и подмладен состав.

Можеби репрезентацијата на Норвешка царува со женскиот ракомет во последните 10 години, но кога во прашање е клупскиот ракомет во Скопје има само еден шампион.