Норвежанка ќе го брани голот на Будуќност

Голманката од Норвешка, Емили Станг Сандо потпиша договор со шампионот на Црна Гора, кој е редовен учесник во Лигата на шампионите. Таа е петтото засилување за следната сезона за тимот на Будуќност.

Емили Сандо е прва ракометарка од Норвешка која ќе настапува во редовите на најдобриот тим во Црна Гора. Искусната 30-годишна ракометарка пристигнува од екипата на Копенхаген, а претходно го има  брането голот на Одензе, Есбјерг, Флинт Тонсберг и Ларвик.

Емили Сандо заедно со Марина Рајчиќ ќе го сочинуваат голманскиот тандем на голот на Будуќност, а тука е и младата 18-годишна Анастасија Бабовиќ. Претходно за Будуќност договори потпишаа двете репрезентативки на Црна Гора, Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ, Словенката Барбара Лазовиќ и Србинката Сања Вујовиќ.

Будуќност подготовките за следната сезона ќе ги почне кон крајот на јули, а на крајот од јуни ќе ги дознаат противниците во групната фаза од Лигата на шампионите.