Норвежанката си оди од Ѓер: Морк бира меѓу Ростов и ЧСМ Букурешт

Норвешката репрезентативка Нора Морк по три сезони минати во унгарскиот и европски шампион Ѓер, ќе има нов предизвик во кариерата.

Десниот бек кој повеќе паузираше отколку што играше за Ѓер, според норвешките медиуми најверојатно ќе се пресели во романскиот ЧСМ Букурешт и ќе биде замена за Барбара Лазовиќ и Аманда Куртовиќ.

Во некои комбинации се споменуваат и тимовите на Ростов Дон, каде тренер е Амброш Мартин, со кој соработуваа во Ѓер, како и Будуќност, кој одново склопува силен тим.

По настапите за Бекелагетс, Нодстранд и Ларвик во Норвешка, како и по Алборг и Ѓер, новиот клуб ќе биде трет интернационален предизвик за десниот бек.