Нолевскa и Виборг го растурија Никобинг

Тимот на Виборг, каде настпаува македонската репрезентативка Наташа Нолевска, забележа победа над данскиот учесник во Лигата на шампионите, Никобинг.

Виборг победи дома со 33:21, иако во првиот дел позитивата беше само 1 гол, 15:14. Сепак во вториот дел домашните заиграа подобро во одбраната и примија само 7 голови.

Нолевска имаше минутажа на овој натпревар и постигна 1 погодок. Виборг се наоѓа на 3 позиција по 16 одиграни кола со 21 бод, 7 помаку од лидерот Копенхаген.