Нолевска со два гола во поразот на Виборг

Десното крило Наташа Нолевска постигна два гола на средбата на Виборг против Силкеборг.

Гостинките ги однесоа бодовите на овој натпревар, а мечот заврши со резултат 25:30. На овој дуел гостинскиот состав имаше убедлива предност уште после првото полувреме од 10:18, па беше тешко во вторите 30 минути да се надомести.

Нолевска имаше стандардна игра така што нејзината форма и натаму е константна.

Инаку, за време на викендот Виборг успеа да се избори за пласман во четврт-финалето од Купот на ЕХФ.