Нолевска и Виборг си обезбедија полуфинале во Купот на ЕХФ

Наташа Нолевска останува македонска претставничка во Купот на ЕХФ и тоа во полуфиналните пресметки откако заедно со своите колешки вчера дојде до победа на гостувањето кај Ларвик со 27:26.

Ова беше втор триумф против тимот од Норвешка во четврт-финалето, па на тој начин Виборг само го потврди својот пласман во следната фаза од ова натпреварување.

Нолевска немаше погодоци на овој натпревар, а и следниот ривал за Виборг е исто така од Норвешка. Во полуфиналето противник ќе биде екипата на Кристијансанд.