Нолевска и Виборг лесно го решија Холстебро

По двата порази во серија од Одензе и Силкеборг, тимот на Виборг каде што настапува македонската интернационалка Наташа Нолевска, славеше победа во данскиот шампионат. Повеќекратниот европски шампион, кој сезонава игра во ЕХФ Купот триумфираше на гости кај Холстебро со 23:36.

На натпреварот од 19 коло, Нолевска постигна 1 погодок. Виборг веќе го има обезбедено местото во разигрувањето за титулата, па во преостанатите дуели ќе се обиде да го подобри стартното место. Следен предизвик ќе им биде домашниот натпревар против Ринкобинг.