Нолевска и Виборг бркаат полуфинале против Ларвик

Екипата на Виборг во која настапува и репрезентативката на Македонија, Наташа Нолевска си обезбеди место во четврт-финалето во Купот на ЕХФ, а веќе го доби и противникот со кој ќе се соочи на патот кон полуфиналето.

Составот од Данска ќе игра против екипата на Ларвик од Норвешка за да се пласира меѓу најдобрите четири, а средбите се предвидени за првите два викенди од март.

Виборг ќе игра на домашен терен на првата средбата, а реваншот ќе го игра како гост со оглед на тоа што групната фаза ја заврши на 2. место во својата група.

Познато е како ќе биде и во полуфиналето, па доколку Виборг успее да го мине Ларвик тогаш ќе се соочи со подобриот тим од двобојот меѓу тимовите од Норвешка и Франција, Кристијансанд и Брест.