Нока и Олсон потпишаа нов договор со ПСЖ

Тренерското дуо Звонимир Нока Сердарушиќ и Штафан Олсон, уште најмалку една година ќе бидат предводници на дрим-тимот ПСЖ. Двајцата тренери ги продолжија договорот со францускиот тим за една година.

„Задоволни сме што успеавме да ги продолжиме договорите со ПСЖ. Благодарни сме што клубот ни ја даде довербата повторно и чест е да бидеш тренер и да работиш во амбициозен клуб каков што е ПСЖ.“ – беа првите реакции на Олсон и Сердарушиќ.

„Горди и среќни сме што двајцата тренери ќе продолжат да работат со нас. Со нив ги испишавме најдобрите страници во историјата на клубот. Сите услови сега се исполнети, па можеме на нашите навивачи да им пружаме нови ракометни задоволства.“ – изјави изршниот директор Блан.


Zvonimir Serdarusic et Staffan Olsson… by ParisSaintGermainHandball