Новo засилување во Автокоманда: Предраг Вејин пред потпис со Металург

Во следниот период тимот од Автокоманда треба да се засили со нов ракометар на позицијата десен бек, и да биде уште поконкурентен во домашното првенство кога ќе се разигрува за титулата. По заминувањата на Талески во Рајн Некар, на Дупјачанец во Кадетен и Брајовиќ, и позајмувањето на Крстевски и Јагуроновски во Еурофарм Работник, актуелниот македонски вицепрвак реши да се засили.

Сега на Металург му завршоја обврските во Лигата на шампионите, македонскиот вицепрвак Металург ќе се концентрира на домашните задачи. Преостанатите три дуели во СЕХА Лигата ќе бидат искористени за дополнително воигрување на екипата за решавачките битки во Супер Лигата и во Купот на Македонија.

Откако на крајот на минатата година од тимот си замина Војислав Брајовиќ, поради несогласувања со управата, Червар остана само со младиот Мартин Велковски на десен бек, но се виде дека не може да се потпре само на неговите услуги на чувствителната позиција и затоа се пушти во потрага по нов играч.

Српскиот десен бек Предраг Вејин, кој последно настапуваше во ОАЕ за Ал Џазира, би требало да го засили Металург и да потпише договор до крајот на сезоната. Се работи за релативно млад ракометар со големо интернационално искуство, кој играше во Франција за Данкерк, во Шпанија за Адемар Леон, но во ниту една од екипите немаше главна улога. Инаку потекнува од големиот расадник на ракометари, Металопластика Шабац.

Со него во тимот, Металург би добил на искуство на десен бек, а Червар би имал повеќе опции во нападот на дуелите од плеј-офот и од Купот на Македонија.

One Response

  1. ОФИЦИЈАЛНО: Предраг Вејин е нов ракометар на Металург | 24 РАКОМЕТ

    […] Како што прв објави 24ракомет, тимот на Металург се засили со нов ракометар. Станува збор за повремениот срп­ски­ ре­пре­зен­та­ти­вец Пре­драг Ве­јин кој има 24 го­ди­ни и за­ед­но со Мар­тин           Вел­ковски ќе ја по­кри­ваат дес­на­та бе­ков­ска по­зи­ци­ја во тимот од Автокоманда. […]