Нов странец во Битола: Елмир Граџан потпиша за Еурофарм Работник

Тимот на Е. Работник по потпишувањето со десниот бек Рати Мсквилидзе, обезбеди потпис и на друго странско засилување, овојпат на пикерската позиција. Тимот од Битола, во следниот период ќе биде посилен за босанскиот репрезентативец, Елмир Граџан.

Станува збор за поранешен младински и повремен сениорски репрезентативец на Босна и Херцеговина, кој има одлични физички предиспозиции, 24/190 цм/95 кг, и ќе биде од голема помош за тимот на Илија Темелковски.

Потекнува од школата на Горажде, а има настапувано и за Борац и Босна. На интернационална сцена, има настапувано во Турција, во тимовите на Загносспор и Азизије. Со Е. Работник, освен во Суперлигата, ќе игра и во Челинџ Купот, каде противник е литванскиот Каунас.

Фото: klix.ba