Нов предизвик во Елитсериен: Иштад го потврди Цветковски

Трансферот на македонскиот голман Јане Цветковски во третопласираниот тим од шведскиот шампионат, Иштад, за кој 24Ракомет веќе објави пред неколку недели, денеска ја доби и својата официјална потврда.

По настапот во Алсвенскан лигата за тимот на Хелсинброг, Цветковски сега го очекува поголем предизвик, со Иштад, каде што ќе биде соиграч со еден од легендарните шведски ракометари Ким Андерсон. Македонскиот голман и неговиот тим ќе играат и во европските купови следната сезона.

Цветковски потекнува од тимот на Пролет, а потоа има настапувано и за словачкиот АГРО Тополчани, како и за Босна.