Нов малeр за Вардар: Заврши сезоната за Горбок

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо се соочува со нови проблеми за позицијата лев бек бидејќи повратникот во клубот Сергеј Горбок во следните неколку месеци нема да може да биде дел од тимот и ќе отсуствува од натпреварите поради повреда.

Контролата направена на коленото кое го повреди на тренинг окажа скинати лигаменти, а тоа значи дека ќе биде надвор од комбинација за настап во најголемиот дел од сезоната.

Горбок заработи повреда на тренингот одржан во саботата, но мораше прво да биде намален отокот, па да бидат направени лекарски прегледи. Снимањето мораше да се направи со магнетна резонанца која покажа дека има повреда на лигаментите.

Ова е само нов ракометар на листата на повредени во Вардар. Таму веќе се наоѓаат и капитенот Стојанче Стоилов кој има повреда на дланката и голманот Даниел Ѓорѓески кој уште заздравува после хируршката интервенција.

Неизвесна е уште ситуацијата и со Борозан и Карачиќ, но тие би требало да бидат во комбинација за утрешниот дуел против Железничар од СЕХА-лигата кој се игра од 20:15 часот.