Нов кадетски бисер во редовите на Металург

Во новата сезона во екипата на Металург бројот на кадетски и младински репрезентативци ќе биде зголемен и за талентот од Прилеп, Теодор Тодески. Левиот бек кој беше дел и од селекцијата што настапи на ЕХФ-шампионатот во Тбилиси има 16 години, а веќе е потврдено дека доаѓа во Автокоманда.

300x250

Тој на почеток сигурно ќе биде дел од втората екипа, но ќе работи и со првиот тим, па тоа ќе биде големо искуство за него со оглед на тоа што се очекува да го носи дресот на кадетската селекција и понатаму. Тодески е роден во 2002 година и ќе има можност да настапува за кадетите и во следниот циклус.

Се работи за висок играч кој настапува на позицијата лев бек. Тој играше на ЕХФ-шампионатот. Настапуваше во дресот со број 6, а на дуелот против Естонија и го постигна првиот гол за Македонија на едно големо натпреварување.

Со него се зголемува бројот на кадетски репрезентативци кои се дел од Металург, а ова ќе му биде само поубава можност да биде близу до селекторот и да напредува.