Нов избор на ЕХФ: Бек на Металург меѓу најдобрите дебитанти во ЛШ (ВИДЕО)

На почетокот на сезоната екипата на Металург доби засилување на левата бековска позиција во ракометарот кој ќе биде дел и од репрезентацијата на Хрватска на следното Европско првенство, а Халил Јагањац стана лидер пред сè во нападот.

300x250

Неговите игри беа следени со внимание, па сосема очекувано и заслужено се најде во најдобрите дебитанти во сезоната и се наоѓа во навистина добро друштво полно со нови квалитетни ракометари.

Меѓу играчите е и помладиот брат на Алекс Душебаев, Даниел кој сезонава игра за тимот на Целје.