Нов договор за соиграчот на Лазаров: Думулин во Нант до 2021 година

Голманот на Нант, Сирил Думулин ја продолжи соработката со екипата и останува во клубот најмалку уште четири години.

После одличните одбрани на стартот од оваа сезона раководството одлучи да му даде понуда за нов договор и тој прифати да остане во клубот до 2021 година.

„Ова беше сосема очекувано. Задоволен сум во клубот и од условите кои ги добив со новиот договор. Никогаш не сум бил ниту вака подготвен како сега така што ми причинува задоволство што ќе можам да останам толку долго во екипата“, изјави соиграчот на Лазаров, Сирил Думулин.

Тој веќе има 58 настапи за репрезентацијата на Франција, а има трофеи од шампионатите во 2014 (ЕП во Данска) и 2015 година (СП во Катар).