Ново признание за македонскиот експерт: Драган Начевски дел од службените лица на мундијалското финале (ФОТО)

Со финалниот натпревар меѓу Франција и Норвешка се спушта завесата на 23то Светско ракометно првенство за жени, кое се одржуваше од 2 до 18 декември во Германија. Арената Хамбург е распродадена, а навивачите кои во поголем дел пристигнаа од Норвешка се подготвени за нова победа на својата репрезентација.

300x250

На овој дуел златен медал заедно со ракометарките ќе добијат и данските судијки Хансен и Кристијансен кои ја добија довербата од ИХФ да ја делат правдата на мундијалското финале во Германија. Но покрај данските судијки честа да бидат дел од завршницата на светското првенство ја доби и македонскиот експерт Драган Начевски кој е дел од четворката службени лица задолжени за правилата на овој последен натпревар од СП2017.  Покрај Начевски, на овој дуел за правдата ќе биде задолжена и Русинката Вартанијан Стела, официјален ИХФ претставник ќе биде Рамон Галего од Шпанија, а големата четворка ја заокружува Чехот Франтишек Таборски.

Дуелот е закажан за 17:30 минути, а Норвешка важи за огромен фаворит во дуелот со Франција.