Ново лице на тренинзите на Вардар (ФОТО)

Досегашниот ракометар на шпанскиот тим Пуенте Генил Анхел Хименез, Јања Војводиќ, кој една полусезона мина и во редовите на македонскиот вицепрвак Металург е на добар пат да ги засили „црвено-црните“ редови. Средниот бек од Србија, тренира со шампионот и би бил опција плус за Лука Циндриќ и Игор Карачиќ.

Станува збор за 22-годишен играч, кој иако релативно млад, има солидно интернационално искуство. Војводиќ потекнува од школата на Врбас, а по настапите во Скопје играше за полскиот Сласк Вроцлав од каде што замина за Шпанија. Таму се задржа само една сезона.

Вардарци ги очекуваат завршните битки во Лигата на шампионите и борбата за првото место, до таму потребни се три победи во следните три натпревари против Целје, Мешков и Кристијанштад.

„Црвено-црните“ го одработија својот тренинг пред саботниот натпревар против Целје во Лигата на шампионите во позитивна атмосфера. Само победа вардарци ги води повторно на врвот во група Б.