Новото издание од македонското дерби со 12 дебитанти на терен и двајца покрај аут линијата

Средбата меѓу Вардар и Металург со која двата најдобри состави од Македонија ќе означат старт на сезоната во СЕХА-лигата ќе го донесе двобојот под реден број 14, а на него ќе има ист број на дебитанти кога ќе се пресметаат и тренерите и играчите кои првпат ќе бидат дел од ваква средба во СЕХА.

300x250

Дебитанти во редовите на Вардар се Кизиќ, Петковски, Мишевски, Кисељев, Милосављев, Калараш и Скубе. Во Металург, првпат на едно вакво дерби ќе се појават Јагуриновски, Лазаревски, Шилегов, Даниловски и Додиќ.

Свое деби на овој двобој ќе имаат и тренерите. Првпат како главни стратези ќе бидат и Роберто Гарсија Парондо и Данило Брестовац.

На теренот се судиите од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, за кои ова е третто дерби меѓу Вардар и Металург во СЕХА. Тие со ова стануваат дел од група од три судиски двојки кои суделе по трипати на двобој меѓу овие две екипи во регионалното натпреварување. По трипати правдата ја имаат делено и Николиќ/Стојковиќ од Србија и Губица/Милошевиќ од Хрватска.