Новите суперлигаши со рок за трансформација

Во новата сезона Супер машката лига ќе биде комплетна и во неа ќе настапуваат сите екипи коишто си обезбедија пласман со финиширањето на минатогодишниот шампионат.

300x250

Веќе е јасно дека на стартот ќе има десет екипи кои ќе се борат за четирите места кои водат во плеј-оф лигата напролет заедно со Вардар и со Металург кои го скокаат првиот дел поради учеството во СЕХА-лигата.

Пријави за учество во новата сезона имаат доставено: Е. Работник, Пролет, Пелистер, Охрид, Радовиш, Борец, Вардар јуниор, Прилеп, Бутел и Струга. Тоа се клубовите кои ќе тргнат во шампионатот во септември, а како ќе изгледа распоредот ќе се знае веќе в петок кога од 11 часот е договорено клубовите да се состанат.

Воедно е јасно и тоа дека Бутел Скопје и Струга мораат да се трансформираат во Акционерски друштва. За да го направат ова имаат рок до почетокот на сезоната, па имаат повеќе од два месеци за да ги средат формалностите.