Новите селектори го враќаат Борозан во репрезентација?

Откако вчера стана јасно дека во иднина репрезентацијата на Црна Гора ќе биде предводена од страна на двајца поранешни репрезентативци, Зоран Рогановиќ и Драшко Мрваљевиќ веќе се најавува дека овој состав ќе биде одново силен.

Во последните години на терените го немаше Вуко Борозан, а особено Мрваљевиќ е оптимист дека ќе успее да го убеди Борозан одново да го облече дресот на репрезентацијата на Црна Гора.

„Ќе разговарам со сите потенцијални репрезентативци. Кога е Вуко Борозан во прашање не ја знам точната причина поради која тој не играше досега за националниот тим, но искрено се надевам дека во иднина ќе биде одново во репрезентацијата. Не можеме да се откажеме од никого бидејќи имаме едвај дваесетина ракометари“, изјавува Мрваљевиќ.

За да се дојде до посакуваното ќе мора да се реагира брзо бидејќи веќе во октомври следуваат новите квалификации и тоа за Европското првенство во 2020 година.