Новите вардарки со победа против Цемс на контрола

Екипите на Цемс и Вардар ги одмерија силите на десет дена до почетокот на новата сезона, а на овој дуел победата им припадна на ракометарките кои се наследнички на еден тим кој доминираше во последните неколку години во македонскиот женски ракомет.

Вардарки го добија овој натпревар со 36:26 и покажаа дека во новата сезона ќе се обидат да се борат за колку е можно повисок пласман. Се работи за состав во кој играат кадетки, а слична е ситуација и во Цемс каде исто така играат млади ракометарки.

Прв стрелец на средбата беше Милица Николиќ со девет гола, ракометарка која во еден дел од минатата сезона настапи и за првата екипа на Вардар, а играше и во Вардар јуниор.

Сезоната во Женската лига стартува на 8 и 9 септември, па ќе има што да се види на средбите во лигата која брои десет екипи.