Новиот суперлигаш Прилеп започна со подготовките: Претставени и првите засилувања

Новиот суперлигаш РК Прилеп го означи стартот за новата сезона. Прилепските љубители на ракометот по пауза од четири и пол години повторно ќе можат да гледаат суперлигашки дуели во својот град. Зад клубот застанаа Локалната самоуправа на Прилеп, и неколку бизнис компании од градот. По одличните резултати во изминатата сезона, каде клубот го освои првото место во првата лига, во новата сезона прилепчани влегуваат со скроми амбиции, а главна цел на клубот ќе биде средниот дел на табелата.На прес конференцијата која се одржа во вторникот, претставени беа новите засилувања во екипата. Голманот Менде Божиновски од РК Пелистер, Јованчо Угреновиќ десно крило од РК Струга, Јован Талевски среден бек од РК Работнички, Бојан Цветкоски десен бек повратник од Косово, како и повратникот Петар Когој ( пивотмен). Сите досегашни ракометари на Прилеп остануваат во екипата, а ростерот брои 20 ракометари. Тренер на екипата останува Орде Илиески.

Во новата натпреварувачка сезона освен настапите во супер лигата, клубот ќе учествува во пионерската и младинската лига на Македонија.

Во меѓувреме избраниците на Илиески ги започнаа своите подготовки во салата во СОУ,,Ристе Ристески -Ричко”. Екипата во Прилеп ќе биде околу десетина дена, а потоа ќе замине на подготовки надвор од градот. Пред почетокот на сезоната клубот ќе одигра и неколку пријателски натпревари.