Новиот Карабатиќ потпиша за Монпелје

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, екипата на Монпелје и покрај одличните индивидуалци во тимот крои и планови за понатамошно развивање.

300x250

Официјално нови играчи во составот, а воедно промовирани од младинкиот сектор се Килијан Вилемино и Жулиен Бос. Двајцата потпишаа тригодишен договор откако летово настапуваа на Европското првенство за јуниори.

Килијан Виелмино, кого го нарекуваат новиот Карабатиќ ќе биде алтернатива на средната бековска позиција за најдобриот ракометар од Ф4 турнирот во Келн, на Диего Симонет како и за Жан Луп Фаустин и Мохамед Сузи.

Жулиен Бос игра на десната крилна позиција, а таму ќе биде алтернатива за Теофил Каузе.

Со овие подмладувања, но и со тимот кој веќе го има на располагање тренерот Патрис Канајер со сигурност ќе гледаме уште една сезона во која Монпелје ќе биде силен конкурент за сите трофеи.