Нова победа за Митова и Сондерјиск

Ракометарките на Сондерјиск ја продолжија победничката серија во Првата Дивизија во Данска, откако славеа минимално на домашен терен над тимот на Скандерборг со 28:27. Во седум натпревари, Сондерјиск има забележано 6 победи и заедно со Хадстен ќе води мртва трка за пласман во елитата. Митова постигна 1 гол на овој натпревар.

300x250

Екипата на Виндсисел, пак, каде што настапуваат двете македонски интернационалки, Зорица Михајлова и Клаудија Георгиевска е поразена на домашен терен од екипата на Хадстен со 26:28. Михајлова постигна 2 гола, додека Георгиевска не се запиша во листата на стрелците.

Фото: M. Poulsen