Уште една Македонка во Грција: Љупка Белмезова потпиша за Панорама Солун

Досегашната голманка на Вардар СЦЈС, Љупка Белмезова за првпат во кариерата ќе биде интернационалка. Струмичанката потпиша едногодишен договор со грчкиот прволигаш Панорама од Солун и ќе биде дел од градското дерби против ПАОК каде ќе играат Серафимова, Стојковска и Николиќ.

21-Годишната Белмезова потекнува од тимот на Струма од Струмица, каде помина четири сезони, потоа една година настапуваше за Жито Прилеп, додека последните две сезони ги мина во Вардар СЦЈС, со кој играше и во европските купови.