Нова акција: Брестовац го објави списокот на кадети за меѓународниот турнир во Романија

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот од 17 ракометари кои ќе патуваат за Васлуи, Романија, за настап на меѓународниот турнир за играчи од генерацијата 2000 и помали. На турнирот што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември, Македонија ќе одигра натпревари со селекциите на Израел, Белорусија и домаќинот Романија.

300x250

Кадетите на крајот на месец октомври настапија на силниот турнир во Плоцк, каде играа со домаќинот Чешка, Белорусија и домаќинот Полска. Тој турнир, заедно со турнирот во Васлуи се дел од подготвителниот период за оваа генерација за ЕХФ Шампионатот 2018, односно Светското Првенство 2019 година што ќе се игра во Скопје. Точниот распоред на натпревари заедно со времето на почеток на натпреварите дополнително ќе бидат објавени.

Список на повикани ракометари: