Новата сезона на Лигата на шампионите започнува од 30 јуни во Љубљана

На денешната традиционална прес-конференција на европската ракометна куќа, во присуство на раководните лица на ЕХФ, претседателот на Федерацијата Михаел Видерер го закажа почетокот на следната сезона од Лигата на шампионите.

По потпишување на новиот договор со регионалниот партнер „Горење“, Видерер истакна дека веќе на 30 јуни е закажана ждрепката за групната фаза и квалификациите во Лигата на шампионите. Како нова локација која ќе биде домаќин на извлекувањето е замокот во Љубљана, Словенија.

Како што истакна претседателот ја одбрале Словенија бидејќи е единствената земја која имала победник во машкиот и женскиот дел од Лигата на шампионите.

Македонија ќе има по еден претставник во двата сегменти на елтното натпреварување, но до 7 јуни Македонската ракометна федерација во договор со македонскиот вицепрвак има шанса да аплицира за вајлд карта и уште едно место во машкиот дел од натпреварувањето.