„Новата Неагу“ потпиша за Будуќност

Една Романка заминува, но друга доаѓа. Кристина Неагу ја заврши својата четиригодишната одисеја во црногорскиот првак Будуќност, но во тимот од Подгорица ќе игра нејзината сонародничка Кристина Ласло.

Ласло има 21 година, а досега играше за тимот на Клуж. Настапува на позицијата среден бек, а ниту левобековската позиција не и неприродна. Заедно со Бјанка Базалиу, која игра во ЧСМ Букурешт, се двете нови ѕвезди на романскиот женски ракомет.

Романката потпиша двегодишен договор, со можност за продолжување на уште една. Заедно со Маловиќ, Јауковиќ, Ујкиќ, Рамусовиќ, Грбиќ, Плетикосиќ, плус искусната Булатовиќ, ќе формираат респектибилен тим, кој нема да биде лесен противник за никој.

Ласло беше дел од романската репрезентација на СП за кадетки кое се одржа во Македонија пред 3 години и го освои златниот медал, а беше дел од Ол Стар тимот. Има освоено и бронзен медал од СП за младинки минатата година.