Ни Украина не е далеку кога се сака Вардар (ФОТО)

Ниту една од екипите што играат во европските натпреварувања, не ги сакаат далечните патувања во Украина или Русија.

За да се избегнат чекање по аеродроми и лоши авионски конекции со крајната дестинација Запорожје, вардарци патуваа со чартер лет.

Таму победија со 30-31, а на дуелот во „Палатата на спортовите“ во Запорожје имаа поддршка од навивачи, кои специјално допатуваа во украинскиот град.