Ништо од трансферот во Вардар: Рускиот бомбардер останува во Чеховски Медведи

Ракомератарите на Вардар се наоѓаат на неполни три дена до одигрување на полуфиналниот дуел против Монпелје во рамките на Ф4 турнирот во Келн. Екипата ги игра најдобрите две сезони од своето постоење, а оваа година има шанса да влезе во историјата на Лигата на шампионите како единствен тим во овој формат кој успеал да ја одбрани титулата освоена минатата година.

300x250

Веќе е познато дека оваа година е последна за Вардар во ваков состав. Голем дел од ракометарите ќе заминат од  клубот по завршувањето на оваа сезона, дел веќе ги продолжија договорите, а  кружат и шпекулации за голем дел од ракометарите кои треба да го засилат Вардар следната сезона. Најчесто руски ракометари беа посочувани како идни вардарови засилувања, а еден од нив беше и левиот бек на Чеховски Медведи-Дмитри Санталов.

 Санталов во интервју за руските медиуми на прашањето дали останува во Чеховски Медведи или ќе потпише за Вардар изјави:

” Имаше разговори на почетокот но подоцна тие се замрзнаа. Најверојатно ќе останам во Чеховски Медведи бидејќи имам договор со клубот, кој ќе го одработам до крајот”-изјави Санталов, со што стави крај на шпекулациите за негово доаѓање во Вардар.