Ниту Наѓ не им помогна на Унгарците: Лекаи ги спаси своите од срам

Репрезентациите на Аргентина и Унгарија ги одмерија силите во рамки на 1. коло од групата Д на Светското првенство, а натпреварот имаше две различни полувремиња и епилог кој никој не го очекуваше. Натпреварот заврши нерешено, 25:25 и покрај тоа што репрезентацијата од Европа важеше за голем фаворит. Аргентиците кои го немаа својот најдобар играч, сепак, на крајот се изборија за голем бод.

Унгарија почна како што се очекуваше. Го отвори натпреварот со предност од 5:0 и најави убедлив триумф. Меѓутоа, Аргентинците на ваквиот старт одговорија многу зрело и позитивно. Негативата која ја имаа кон средината на првиот дел почнаа да ја топат и на полувреме се замина со 13:10 во корист на Унгарија.

Вториот дел донесе вистинска пресвртница во играта на „гаучосите“. Предноста која ја имаше репрезентацијата на Унгарија, ја снема во 39. минута кога по серија од три голови постигнати од Федерико Фернандез, Аргентина успеа да направи пресврт и да го напарви интересен остатокот од натпреварот.

Последните 20. минути следуваше игра гол за гол. Во листата на стрелците најчесто се запишуваа, Мате Лекаи и Золт Балог како и Пабло Симонет на другата страна. Од самата неизвесност, Аргентина можеше да го однесе целиот плен бидејќи Пабло на минута до крајот погоди за предност од 25:24. Во тие моменти последен обиди имаше, Унгарија која, сепак, преку голот на Лекаи избегна голем срам и дојде до подекба на бодовите со својот противник.

Следниот натпревар, Аргентина го игра против Шведска за два дена, додека Унгарија ќе ја бара првата победа на Мундијалот исто така в среда против Ангола.