Ниту Д од дерби

Ракометарите на Бутел ја продолжија победничката серија во Првата лига и сега имаат 11 триумфи од исто толку натпревари. Мечот против третопласираната Преспа требаше да биде неизвесен, но немаше ниту Д од дерби, бидејќи домашните славеа со убедливи 33:19.

300x250

Кога Бутел поведе со 5:1, веќе беше јасно дека ќе има игра на мачка и глушец. Во неколку наврати момците на Игор Котевски имаа и плус 8, но полувремето заврши 16:10. Во вториот дел шанса добија сите од клупата, но тоа се почувствува на теренот и разлика се искачи на конечни 14, 33:19.

Најдобри во домашниот состав беа Печенковски со 8, а Ѓорѓиевски и Стојановски дадоа по 6 голови, додека во составот од Ресен се истакнаа Шабединовски со 5 и Башевски со 4 погодоци.