Ниту Дејвис не може да помогне: Веспрем шокиран дома од ПИК Сегед!

Тимот на Веспрем без македонскиот репрезентативец Дејан Манасков во ростерот загуби во дербито на унгарскиот шампионат од ПИК Сегед со 27-32. Очигледно ниту промената на клупата и доаѓањето на Давид Дејвис не донесоа позитивен импулс.

Домашните ракометари отворија подобро и имаа предност во првиот дел од три погодоци во повеќе наврати. Како одминуваше времето, така избраниците на Хуан Карлос Пастор се враќаа во игра, па на пауза се замина со водство за Веспрем од 14-13.

Во вториот дел до 18-18 се играше гол за гол, пред Калман и Македа да донесат водство за ПИК Сегед од 18-20 на дваесетина минути до крајот. Се обидуваа и Наѓ и Мачковшек, но Шего царуваше на голот кај гостите.

ПИК Сегед се одлепи и на 19-23 и таквата предност не ја испушти до крајот. Иако Ненадиќ беше џокерот на Веспрем и погоди неколку пати во серија, сепак и гостите го имаа расположениот Македа, кој практично ја запечати судбината на домашните во финишот на мечот, кој заврши 27-32.