Никола Стојчевски ќе го спасува Ферндорф

Поранешниот македонски репрезентативец Никола Стојчевски по неколку години играње во Шведска за Редбергслидс и дрот Халмштад, сезонава се реши за промена на средината и потпиша договор со германскиот второлигаш ТУС Ферндорф. Оваа екипа игра лошо во Втората Бундес лига и со ангажманот на Стојчевски очекуваат да ја поправат бодовната состојба и да обезбедат опстанок.

32-годишниот среден бек последен пат за националниот тим настапи на ЕП во Данска во 2014 година, каде прикажа солидни партии, па во недостаток на средни бекови во моментов, Лино Червар, кој своевремено го донесе и во Металург, сериозно треба да размисли за негов камбе во репрезентацијата. Претходно Стојчевски беше дел и од Вардар, а настапуваше и за романските Клуж и Пандурии, потоа за хрватскиот Осијек, Клуб Африкан од Тунис и матичната Преспа.