Никола Матлиески после Литванија: Освоивме важни бодови на тежок натпревар

После завршување на натпреварот меѓу Македонија и Литванија (32:30) и обезбедената прва победа на ЕХФ-шампионатот во Грузија првите коментари ги имаше Никола Матлиески. Тој го кажа своето видување за она што беше направено денеска на стартот на првенството.

„Победивме на многу тешка средба. Успеавме да ги освоиме овие бодови кои се многу важни за нас, а ова беше навистина тежок натпревар во кој одигравме многу подобро во првото полувреме. Мислам дека тука и го добивме овој натпревар против Литванците. Во периодот од 20. до 30. минута успеавме да создадеме предност. Вториот дел го почнавме со неколку технички грешки, но успеавме брзо да се соземеме и на крајот да го добиеме овој натпревар“, коментираше асистентот на Данило Брестовац, Никола Матлиески.

Следниот дуел се игра утре против Луксембург, а стартот е исто така од 13 часот.