Никола Костески ја има поддршката од семејството во Битола (ФОТО)

На турнирот во Битола има и еден ракометар кој е практично на домашен терен, а се работи за десното крило Никола Костески. Тој е ракометар кој потекнува од Струга, а играше и во редовите на Металург, па добро знае како е да се игра во Битола.

На трибините Костески има поддршка од своето семејство. Тука се неговите родители, но и помладиот брат Ненад Костески, а тие му даваат поддршка пред стартот на новата сезона.

Ова беше очекувано бидејќи Костески е единствениот македонски интернационалец кој настапува во редовите на некој од четирите тима кои се гости од страна на Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ во Битола.

Костески е еден од ракометарите кои имаат важна улога во екипата на Селка. Тој и во минатата сезона и во новта ќе биде еден од играчите околу кои ќе се вртат многу работи во екипата на Селка во новата сезона.