Никола Костески „падна“ на колена… (ФОТО)

Десното крило на Селка од Турција и ракометар кој повремено наоѓа место и во сениорската репрезентација, Никола Костески ова лето го користи за одмор. После Медитеранските игри е слободен, а тоа му отвори можност да се придружи на списокот на ракометари кои летово „рипнаа“ во тавче.

Костески синоќа објави фотографии од моментот кога клекна на колено и ја побара својата девојка за сопруга, а таа му даде потврден одговор.

Како изгледаше моментот можете да погледнете на фотографијата во продолжение објавена на Фејбук профилот на Костески.