Никола Карабатиќ славеше синоќа: Франција против Хрватска, моето финале од соништата!

Најдобриот ракометар во светот, Никола Карабатиќ веднаш после вчерашното второ полуфинале имаше интересен пост напишан на неговиот твитер профил.

Во пораката која ја остави стоеше:

„Ова е мојот голем сон за финале. Франција против Хрватска. Со нетрпение чекам да дојде недела. Напред сини“!

Ова ќе биде повторување на многуте финалиња и мечеви кои овие две земји ги одиграле на ракометните Светски и Европски првенства, па сега ривалството се префрла и на фудбалските терени.

Финалето се игра в недела од 17 часот.