Никола и Лука Карабатиќ три дена пасеа овци (ВИДЕО)

Браќата Никола и Лука Карабатиќ, заедно со француските пејачки и актерки Лиан Фоли и Ализе, станаа овчари и учествуваа во интересна документарна емисија, наменета за помладите генерации во Франција, која вечерва ќе се емитува на каналот C8.

Три дена и три ноќи тие беа заедно со 40-годишниот овчар Џими, во неговиот прв обид да пресели големо стадо овци од едно на друго место на традиционален начин, односно од едно пасиште на друго, кое што е оддалечено 45 километри.

Не им беше лесно на двајцата ракометари и двете пејачки да се снајдат со повеќе од 300 овци, да поминуваат три ноќи под отворено небо, интензивно да пешачат на жештината и да бидат изложени на опасност од диви животни, но се снајдоа на најдобар можен начин.

Во видео прилогот погледнете краток инсерт од документарната емисија…


“3 jours dans les pas d’un berger” ce soir sur C8 by puremedias