Никола Даниловски за 24 Ракомет ТВ: Изгледавме како екипа и тоа го реши победникот (ВИДЕО)

Голманот на Металург, Никола Даниловски успеа да стигне до 14 одбрани на средбата против Чеховски медведи и особено во првото полувреме успеа да стигне до поголем број на одбрани. Тој имаше десет интервенции и беше клучниот играч за предноста од шест гола на одмор.

„Првата поголема минутажа сезонава ја имав на гостувањето во Русија. Сепак, таму загубивме и тоа не значеше ништо. Затоа подобро се подготвивме за овој натпревар. Изгледавме како екипа и тоа го одлучи победникот на оваа средба“, коментираше Никола Даниловски пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Даниловски можете да ја видите во продолжение.