Нике Грот го одби Брест, се враќа во Скандинавија

Средниот бек на унгарскиот и европски првак Ѓер, Корнелија Нике Грот, откако се откажа од репрезентативниот дрес на Холандија, најави и промена на клупската средина.

Таа не ја прифати новата понуда од Ѓер, а ја одби и финансиски богатата понуда од тимот во подем за кој парите не се проблем – францускиот Брест Бретањ.

Грот сака да се врати во Скандинавија, а предност секако имаат данските клубови. Оденсе, Копенхаген и Есбјерг се на листата на клубови кои ги сакаат услугите на луцидниот среден бек.

Холанѓанката пред да се пресели во Ѓер, седум сезони со голем успех ги носеше дресовите на Твис Холстебро и Митјиланд.