Не ја искористивме предноста на домашниот терен: Македонија е четврта на ЕХФ шампионатот

Женската кадетска репрезентација на Македонија на крајот на ЕХФ шампионатот во Скопје, сепак остана без медал. Иако само првото место носи пласман во елитата, сепак ќе беше одлично доколку славеа во битката за бронзениот медал против источниот сосед Бугарија.

Бугарките беа подобри со 30:25, откако и на полувреме ја имаа истата предност од 5 голови, 13:8. Натпревар помина во доминација на противникот, кој во сите 60 минути имаше контрола врз резултатот, па сосема заслужено дојде до третото место. Македонија првенството го заврши со три победи, против Грција, Швајцарија и Фарските Острови, и со два порази, против Полска и Бугарија.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Марија Тасевска со 7 голови, а Мила Трајковиќ даде 6.