Не ја заборава Македонија: Раул Гонзалес на денот на независноста во македонската амбасадата во Париз (ФОТО)

Шпанскиот тренер Раул Гонзалез кој му ја донесе првата титула европски шампион на Вардар беше гостин во македонската амбасада во Париз по повод 8-ми септември Денот на независноста на Македонија. Тој на свеченоста присуствуваше со своето семејство, а како домаќин го пречека македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Искусниот шпански стратег кој својата тренерска кариера ја спечали во Скопје, а со Вардар го достигна врвот на Европа, моментално е тренер на моќниот состав од Париз, ПСЖ. Низ годините кои ги помина во Македонија, стана миленик на вардаровата публика, а потоа и на македонската. Тој е еден од ретките странски тренери кои користеа македонски јазик во комуникација со играчите. Впечатокот кој го имаше целата јавност во Македонија за Раул е повеќе од позитивен, а тоа уште еднаш го потврди и Никола Димитров кој го окарактеризира со „прекрасен човек“.

Шпанецот помина прекрасни години од кариерата во Скопје каде што со Вардар постигна голем успех што му беше вистинска препорака за трансфер во моментално најбогатиот ракометен клуб, ПСЖ.