Не сe може без Вардар и Металург (ВИДЕО)

Уште пред дваесетина дена, македонските претставници во СЕХА Лигата, Вардар и Металург, ги завршија обврските за оваа календарска година во регионалната конкуренција. „Црвено-црните“ го држат врвот, додека тимот од Автокоманда се наоѓа на 7 позиција.

300x250

Во декември се одиграа вкупно 21 натпревар во регионалното натпреварување, а во идеалниот тим се најдоа пикерот на Металург, Жарко Пешевски и десниот бек на Вардар, Хорхе Македа. Тука се и голманот Иван Пешиќ од Мешков Брест, Јакуб Хрстка од Татран Прешов е најдобро лево крило. Најдоброто десно крило доаѓа од Динамо Панчево, Павле Пандука, најдобар лев бек е Дамир Бичаниќ, додека Јака Малус од Целје е избран за најдобар плејмејкер.